Наша мисија

Водејќи се од потребите на купувачите за заштита на нивното здравје користиме високо квалитетни материјали кои ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет, и за кои имаме потврда од меѓународно валидни сертификати. Материјалите кои ги користиме имаат сертификати кои гарантираат дека производите не содржат штетни материи и затоа се безбедни за здравјето на луѓето и животната средина.

#

Зошто да одберете Бедман душек

Според научните истражувања потребни се осум часа сон дневно, бидејќи недоволното спиење предизвикува ослабен имунолошки систем и го зголемува стресот. Бедман е синоним за удобно и квалитетно спиење, произведуваме широк асортиман на производи за спиење, душеци, наддушеци и перници кои гарантираат мирен сон и одмор. Нашите производи се наменети за сите на кои им е важно здравјето, на кои им е важен добриот сон, кој што покрај правилната исхрана и физичката активност, е од суштинско значење за вашето ментално, емоционално и физичко здравје.

Зошто да го одберете вистинскиот производ

Нашата програма на производи е наменета за сите генерации, нашите производи ги користат, стари и млади, мажи и жени, тинејџери и деца, променливи се потребите на човечкото тело за удобност со текот на времето, нашето тело и потребите се менуваат со текот на годините, колку старееме, толку повеќе ни е потребна удобност. Тоа значи дека за постарите генерации препорачуваме душеци на кои горните слоеви се поудобни и што поприлагодливи на телото.

Правилен раст и развој со Бедман

Душеците за децата и тинејџерите се развиени со посебно внимание од нашите искусни експерти за да обезбедат мирен и безбеден сон и длабока регенерација дури и на најмладите. При изборот на детски душек, важно е тој да не содржи материи штетни за здравјето, да има антибактериска покривка, да дише и удобно и да му дава соодветна потпора на ‘рбетот на детето. Спиењето е особено важно за бебињата и децата до пубертет, како една од функциите за здрав раст и психофизички развој.

Високо квалитетни антибактериски такенини

Ние користиме специјални ткаенини со Тенцел® влакна со антибактериско дејство, овие ткаенини имаат сертификат од највисока класа, сертификатот гарантира дека производите не содржат штетни материи и затоа се безбедни за здравјето на луѓето и животната средина. Со употребата на вакви ткаенини ние придонесуваме за брзо и лесно отстранување на влагата, одлична вентилација и можност за дишење на душекот и одржување на хигиената која е неопходна за здрав сон.

Нашите производи се резултат на стручни студии за ергономските барања на човечкото тело

Користејки висококвалитетни материјали кои се добиваат со различни научно технолошки решенија, обезбедуваваме идеална поддршка, одлична удобност и совршена распределба на тежината за секој тип на тело. За време на спиењето секојдневно исфрламе пот и мртва кожа со која се хранат грините, во креветот се акумулира и прашина, вируси, бактерии и габи, затоа обрнуваме посебно внимание на избор на материјали кои обезбедуваат проветрување и заштита од бактерии, грини и габи.

#

Македонски производ

#

Антибактериски

#

Пена сертификат

#

Текстил сертификат

Врвни репроматеријали гарантираат премиум квалитет

Јадро со џебна пружина во 5 зони, му обезбедува на телото добра поддршка и прилагодување, исклучителна флексибилност на точките - реагираат само пружините на кои телото притиска, па ‘рбетот постојано е во својата природна положба, мускулите се опуштени, воздушните комори во џебните пружини овозможуваат оптимална циркулација на воздухот.
Класичниот Bonnell пружинско јадро е рамно флексибилен и нуди цврста поддршка на телото, Bonnell жиченото јадро е исклучително отпорно на притисок се прилагодува на телото рамно и работи поврзано на целата површина.
Внимателно одбраните типови на полиуретански пени сертифицирани од OEKO TEX придонесуваат за издржливост, отпорност на деформации и стабилност на нашите душеци за многу долг временски период. Комбинацијата на полиуретанските пени и нивниот дизајн е резултат на долгогодишни испитувања и анализи на нашиот развоен тим.